Кумановец осомничен за тешко семејно насилство, Обвинителството бара притвор
- Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против 59-годишен кумановец, осомничен дека при вршење семејно насилство тешко ја повредил сопругата.
Куманово, 25 март 2026 (МИА) - Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против 59-годишен кумановец, осомничен дека при вршење семејно насилство тешко ја повредил сопругата.
-На 20 март во семејната куќа сопружниците имале вербална расправија, а осомничениот физички ја нападнал жената, удирајќи ја со тупаници и клоци по целото тело, при што и предизвикал сериски фрактури на три ребра-соопшти ЈОРСМ.

Тој е осомничен за кривично дело – „Тешка телесна повреда од член 131 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово достави предлог за определување мерка притвор со цел обезбедување на осомничениот во текот на постапката. ам/вг/
Фото МИА архива