• e mërkurë, 25 mars 2026

Кумановец осомничен за тешко семејно насилство

Кумановец осомничен за тешко семејно насилство

Скопје, 25 март 2026 (МИА) - Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против 59-годишен кумановец, осомничен дека при вршење семејно насилство тешко ја повредил сопругата.

Како што информира ОЈО, на 20 март во семејната куќа сопружниците имале вербална расправија, а осомничениот физички ја нападнал жената, удирајќи ја со тупаници и клоци по целото тело, при што и предизвикал сериски фрактури на три ребра.

-Тој е осомничен за кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, а јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово достави предлог за определување мерка притвор со цел обезбедување на осомничениот во текот на постапката, соопштио ОЈО.вј/

Фото: МИА архива

QËNDRONI TË LIDHUR