• e hënë, 07 tetor 2024

Кремљ: На време ќе биде именуван нов амбасадор во Вашингтон

Кремљ: На време ќе биде именуван нов амбасадор во Вашингтон

Москва, 7 октомври 2024 (МИА) – Кремљ денеска ги демантира наводите дека Русија сака да ги спушти на пониско ново дипломатските односи со САД, истакнувајќи дека по истекот на мандатот на амбасадорот Анатолиј Антонов во Вашингтон, ќе биде именуван нов амбасадор.

Антонов (69) беше амбасадор во Вашингтон од 2017 година, а во јули објави дека завршува неговиот мандат.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на прашањето дали враќањето на Антонов е индикатор на деградирање на односите со Вашингтон, истакна оти на време ќе биде именуван нов амбасадор. ми/

фото: МИА архива

QËNDRONI TË LIDHUR