• e mërkurë, 27 nëntor 2024

Конференција „Управување со недостигот на работна сила во одредени занимања во Северна Македонија“ 

Конференција „Управување со недостигот на работна сила во одредени занимања во Северна Македонија“ 

Скопје, 27 ноември 2024 (МИА) - Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска ќе се обрати на конференцијата „ Управување со недостигот на работна сила во одредени занимања во Северна Македонија“. 

Организатор на конференцијата е Меѓународната организација на трудот (МОТ). Како што е најавено, ќе се обратат Рита Колумбиа, новоименуван постојан координатор на Обединетите Нации во земјава и Клер Харасти, директор на МОТ за Централна и Источна Европа. Ќе учествуваат претставници на Владата, синдикатите, Организацијата на работодавачи, како и претставници од академската заедница кои работат на прашања поврзани со управувањето со пазарот на трудот и недостигот на работна сила.

Ќе биде презентирана студијата на МОТ, а ќе се дискутира за недостигот на работна сила и ќе се разгледаат решенија за справување со овој проблем, како и идните политики што треба да се преземат.  мд/бак/

Фото: МИА архива 

 

 

 

QËNDRONI TË LIDHUR