• e hënë, 07 tetor 2024

Кибер напад врз руска државна телевизија доведе до прекин на програмата

Кибер напад врз руска државна телевизија доведе до прекин на програмата

Москва, 7 октомври 2024 (МИА) - Кибер напад денеска доведе до прекини во емитувањето на програмата на руската државна телевизија ВГТРК, јавија руските медиуми.

Рускиот он-лајн весник Газета.Ру, цитирајќи руски разузнавачи, објави дека проукраинската хакерска група наречена „судо рм-РФ“ е одговорна за кибер нападот.

Кибер нападот влијаеше на онлајн емитувањето на програмата, на сервисите, па дури и на интернет и телефонските врски на компанијата, наведува весникот.

Новинскиот канал Русија-24 денеска изутрина беше недостапен на интернет.

Различни извештаи велеа дека серверите не функционираат и дека важни информации се избришани. Тие рекоа и дека ќе биде потребно долго време тоа да се нормализира.

Од државната телевизија се уште не ги коментираа извештаите. рп/

QËNDRONI TË LIDHUR