• e enjte, 05 shkurt 2026

Искршени делови од полуподземни контејнери во Струмица

Искршени делови од полуподземни контејнери во Струмица

Струмица, 4 февруари 2026 (МИА) - Денеска од струмичкото комунално претпријатие обајвија дека се искршени делови од полуподземни контејнери, кои во градот беа поставени пред неколку години.

Од „Комуналец“ велат дека полуподземните контејнери се важни, бидејќи го намалуваат непријатниот мирис, зафаќаат помал простор и овозможуваат поефикасно управување со отпадот.

-Урбаната опрема, како што се клупите, корпите за отпад и скриените (подземни) контејнери, е поставена за да го подобри квалитетот на животот во градот. Таа служи за одржување на чиста и безбедна околина и за полесно секојдневно функционирање на граѓаните. Уништувањето на урбаната опрема претставува штета за целата заедница. Освен што предизвикува дополнителни трошоци за поправка и замена, ваквото однесување придонесува за загадување, намалена хигиена и нарушен изглед на јавниот простор, се наведува во информацијата од ЈПКД „Комуналец“.

Оттаму додаваат дека заштитата и одговорното користење на урбаната опрема е обврска на секој граѓанин, бидејќи со нејзино зачувување се придонесува за почиста, поубава и пофункционална урбана средина, а уништувањето или неправилното користење на урбаната опрема не е херојство, туку штета што сите ја плаќаат. рт/вј/

Фото: ЈПКД „Комуналец“ Струмица

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR