• e martë, 07 janar 2025

Израелската армија соопшти дека нападнала повеќе од 100 „терористички цели“ во Појасот Газа

Израелската армија соопшти дека нападнала повеќе од 100 „терористички цели“ во Појасот Газа

Тел Авив, 5 јануари 2025 (МИА) - Израелските воздухопловни сили викендов нападнаа повеќе од 100 „терористички цели“ во Појасот Газа, јави ДПА, повикувајќи се на денешното соопштение на израелската армија објавено на Телеграм.

Како резултат на тоа, десетици терористи на Хамас беа „ликвидирани“ како одговор на нападите на палестинското исламистичко движење, се вели во соопштението.

Војската, исто така, соопшти дека погодила неколку локации за лансирање ракети за кои се верува дека биле користени за ракетни напади од Појасот Газа на израелска територија.

Според израелската војска, во пресрет на нападите биле преземени бројни мерки за да се намали ризикот од цивилни жртви.

Воените и разузнавачките служби на Израел „ќе продолжат да дејствуваат против терористичките организации во Појасот Газа за заштита на граѓаните на Израел“, се додава во соопштението. рп/

Фото: МИА архива

QËNDRONI TË LIDHUR