• e hënë, 07 tetor 2024

Зеленски: Процесот на размена на заробеници ќе продолжи

Зеленски: Процесот на размена на заробеници ќе продолжи

Киев, 7 октомври 2024 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија „не е заинтересирана“ за размена на воени заробеници, но благодарение на операцијата Курск, фондот за размена е значително исполнет со бројот на руски затвореници и процесот на размена ќе продолжи.

Според него, Руската Федерација не е заинтересирана за размена.

„Сега имаме повеќе размени. Имавме големо надополнување на фондот за заробеници поради операцијата Курск. Разменивме многу голем број луѓе. Овие процеси ќе продолжат“, рече Зеленски на состанокот со претставниците на локалните власти на заедниците од регионот Суми.

Тој зборуваше и за мировниот план што го презентираше во Соединетите Американски Држави. Зеленски истакна дека Украина мора да има геополитички силна позиција и да биде зајакната со неопходното оружје, посебно со тоа за кое има соодветни ограничувања.

Тој изјави дека Украина, по презентирањето на Планот за победа, „можеби ќе слушне нешто од партнерите“.

„Планот за победа не е за тоа како војната ќе заврши утре. Станува збор за тоа како Украина може да биде силна за да ја заврши оваа војна. Украина мора да има силна позиција. Ако сте одлучиле да ја направите Украина силна, тогаш ајде да го направиме тоа. И ако не можете, тогаш не можете на секој чекор да кажете дека сакате Украина да победи“, заклучи украинскиот претседател. рп/

Фото: МИА архива

QËNDRONI TË LIDHUR