Донација за ЈЗУ Општа болница - Кочани од 90 комплети ракавици за пасивна рехабилитација
- - Секој комплет се состои од терапевтска ракавица, контролор и клон-ракавица и претставува современо технолошко решение за спроведување пасивни рехабилитациски третмани кај пациенти со нарушена моторика на горните екстремитети како резултат на изгореници, повреди или невролошки состојби, соопшти Фондацијата „Заедно за едно“, основана од Македонската банкарска асоцијација.
Кочани, 24 февруари 2026 (МИА) - ЈЗУ Општата болница во Кочани прими донација од 90 комплети S-Touch C1 ракавици за пасивна рехабилитација во насока на обезбедување соодветна медицинска и рехабилитациска поддршка за настраданите во пожарот во Кочани.
- Секој комплет се состои од терапевтска ракавица, контролор и клон-ракавица и претставува современо технолошко решение за спроведување на пасивни рехабилитациски третмани кај пациенти со нарушена моторика на горните екстремитети како резултат на изгореници, повреди или невролошки состојби - соопшти Фондацијата „Заедно за едно“, основана од Македонската банкарска асоцијација.
Со оваа донација, како што наведуваат, значително се унапредуваат капацитетите на болницата за обезбедување континуирана и квалитетна рехабилитација, што е од особена важност во процесот на закрепнување на пациентите погодени од трагичниот настан. нд/вг/
Фото: „Заедно за едно“