Делови од Велика Британија зафатени од поплави
- Обилниот дожд предизвика поплави во делови од Англија, а поради снегот привремено се затворени аеродромите во Манчестер и Ливерпул, северозападна Англија и во Абердин, североисточна Шкотска
- Post By Марина Илиевска
- 07:58, 8 janar, 2025
Лондон, 8 јануари 2024 (МИА) – Обилниот дожд предизвика поплави во делови од Англија, а поради снегот привремено се затворени аеродромите во Манчестер и Ливерпул, северозападна Англија и во Абердин, североисточна Шкотска
Изминатите денови беа издадени над 200 предупредувања за опасност од поплави откако се излеаја реките.
Предупредување за поплави опасни по животот е издадено за реката Соар во Лестершир.
Неколку железнички линии и главни патишта исто така беа затворени поради влажни и замрзнати површини, додека снегот и мразот предизвикаа прекини во северна Англија и Шкотска.
Од понеделникот десетици луѓе се спасени од поплавените домови и заглавени автомобили во Мидлендс, а стотици училишта се затворени во северните региони на Велика Британија. ми/
фото: МИА архива