• e martë, 07 janar 2025

Дваесетгодишник од Прењас се обидел нелегално да влезе на македонска територија

Дваесетгодишник од Прењас се обидел нелегално да влезе на македонска територија

Тирана, 5 јануари 2025 (МИА) - Полициски службеници на граничниот премин Ќафасан, на албанско - македонската граница кај Струга, во багажник на патничко возило „БМВ" открилњ лице, кое нелегално требало да биде пренесено на македонска територија.

Според Полициската управа од Корча, возилото го управувал М.Ч. (25), а затекнатото лице во багажникот е А.Б.(20), двајцата од пограничното гратче Прењас.

М.Ч. е уапсен и ќе одговара за кривично дело „помош за илегално преминување на државната граница“, а за сторено кривично дело „недозволено преминување на државната граница“ ќе одговара А.Б. вт/бак/


 Фото:МИА архива

QËNDRONI TË LIDHUR