• e mërkurë, 25 shkurt 2026

Градоначалникот Ѓорѓиевски на средби со амбасадорите на Германија, на Италија и на Словенија

Градоначалникот Ѓорѓиевски на средби со амбасадорите на Германија, на  Италија и на Словенија

Скопје, 24 февруари 2026 (МИА) - Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска оствари одвоени работни средби со амбасадорката на Германија, Петра Дрекслер, амбасадорот на Италија, Паоло Палминтери и амбасадорот на Словенија, Грегор Прескер.

Како што информираат од прес-службата на Град Скопје, на средбите биле презентирани тековните проекти и развојните планови на Градот, со цел унапредување на Скопје како модерен, безбеден и функционален европски град. Била истакната важноста од продлабочување на соработката во областа на економијата, културата, образованието, туризмот, управувањето со сообраќајот и одржливото управување со отпадот.

Соговорниците изразиле взаемна подготвеност за понатамошна соработка, размена на искуства и реализација на заеднички иницијативи во интерес на граѓаните. фф/вг/

Фото: Град Скопје

QËNDRONI TË LIDHUR