• e hënë, 07 tetor 2024

Гауф ја победи Мухова во финалето на ВТА 1000 турнирот во Пекинг

Гауф ја победи Мухова во финалето на ВТА 1000 турнирот во Пекинг

Пекинг, 6 октомври 2024 (МИА) - Американската тенисерка Кори Гауф попладнево ја победи Каролина Мухова од Чешка со резултат 6:1, 6:3 во финалето на ВТА 1000 турнирот во Пекинг.

Мечот траеше 1 час и 17 минути. 

Мухова сервираше двапати, направи три двојни грешки и реализира една брејк-топка од четири заработени. Гауф имаше шест аса, пет двојни грешки и пет претворени брејкови од девет.

Трофејот во кинеската престолнина е осми во кариерата на Гауф. Американката на крајот од турнирот ќе се врати во Топ 5 на светската ранг-листа. 

Наградниот фонд на Мастерсот во Пекинг изнесуваше девет милиони долари. зс/

Фото: ЕПА

QËNDRONI TË LIDHUR