Во Штип почнаа „Пролетни денови на училишниот спорт“
- Околу 300 ученици од штипските основни и средни училишта од денеска учествуваат на спортската манифестација „Пролетни денови на училишниот спорт“. Домаќин на манифестацијата трета година по ред е Државното средно училиште (ДСУ) „Коле Нехтенин“-Штип. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов на денешното свечено отварање на спортската манифестација рече дека преку спортот се промовираат вистинските здрави вредности, кои треба да го трасираат патот на младите.
Штип, 25 март 2026 (МИА) – Околу 300 ученици од штипските основни и средни училишта од денеска учествуваат на спортската манифестација „Пролетни денови на училишниот спорт“. Домаќин на манифестацијата трета година по ред е Државното средно училиште (ДСУ) „Коле Нехтенин“-Штип. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов на денешното свечено отварање на спортската манифестација рече дека преку спортот се промовираат вистинските здрави вредности, кои треба да го трасираат патот на младите.
-Преку спортот се гради здрав дух, здраво тело, се надевам дека ова ќе продолжи и понатаму следните години и преку ова ќе се промовира спортот и ќе се омасовува, всушност тоа е и примарната цел на локалната самоуправа да го поддржува масовниот спорт и преку тоа да се градат едни здрави вредности- вели Јорданов.

Претседателот на Сојузот на училиште спорт-Штип, Зоран Арсов вели дека учениците наредните месеци ќе се натпреваруваат во повеќе спортски дисциплини, фудбал, одбојка, кошарка, шах.
-Планираме и планинарење на планината Плачковица, потоа велосипедизам и други помали манифестации. Мислам дека ефектот е голем и со самото отворање на затворениот базен имаме млади кои се заинтересирани за пливачките спортови, потоа футсалот, па еве и во ракометот. Децата го сакаат спортот- рече Арсов.
Финалните натревари меѓу спортските екипи ќе се одржат во мај. вдј/вј/
Фото: МИА