• e mërkurë, 04 shkurt 2026

Во Струмица одбележана годишнината од раѓањето на Гоце Делчев

Во Струмица одбележана годишнината од раѓањето на Гоце Делчев

Струмица, 4 февруари 2026 (МИА) - Денеска во Струмица беше одбележана 154 годишнина од раѓањето на апостолот на македонското револуционерно движење Гоце Делчев. Пред неговиот споменик, на истоимениот плоштад, се одржа пригодна свеченост на која за неговиот живот и дело зборуваше градоначалникот Петар Јанков.

Тој истакна дека Струмица како град на историја, традиција и слободен дух, со особена чест се поклонува пред неговото дело. 

-Нашата Струмица била сведок на чекорите на револуционерите, на нивната жртва и на нивната непоколеблива верба во подобро утре. Затоа, споменот на Гоце Делчев е жив дел од нашиот идентитет. Нашата обврска денес не е само да се сеќаваме, туку да продолжиме по патот којшто тој го трасираше, да градиме општество на еднаквост, на можности, на напредок и на соживот. Да им оставиме на младите генерации држава во која ќе можат да сонуваат, да создаваат и да живеат достоинствено. Нека ни бидат пример неговата решителност, неговата жртва и безгранична љубов кон Македонија, рече градоначалникот Јанков.

Пред споменикот на Делчев ученици од ООУ „Гоце Делчев“ од село Вељуса изведоа рецитал, а претставници на Општината,политички партии, институции, здруженија и граѓани положија цвеќе. рт/дма/

Фото: МИА

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR