Во Кавадарци се одбележуваат 154 години од раѓањето на Гоце Делчев
- Во Кавадарци се одбележуваат 154 години од раѓањето на Гоце Делчев, многубројни делегации положија цвеќе пред неговата биста. Од Музеј галеријата денеска потсетија дека станува збор за една од најмаркантните, најсакани, најхрабри и најреволуционерни македонски личности пред Илинденскиот период.
Кавадарци, 4 февруари 2026 (МИА) - Во Кавадарци се одбележуваат 154 години од раѓањето на Гоце Делчев, многубројни делегации положија цвеќе пред неговата биста. Од Музеј галеријата денеска потсетија дека станува збор за една од најмаркантните, најсакани, најхрабри и најреволуционерни македонски личности пред Илинденскиот период.

- Идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење од крајот на 19 и почетокот на 20 век. Гоце Делчев го губи својот млад живот на 31-годишна возраст. Делчев трагично го губи животот, но остави голем аманет на македонскиот народ да се бори за својата национална слобода. Вечна слава на великанот на македонското ослободително движење, организатор, револуционер, визионер и борец за слобода - Гоце Делчев - посочија од Музеј галеријата. свд/дма/
Фото: МИА