Во Кавадарци почна традиционалниот заеднички ручек за Бадник
- Оброкот се дели во рамки на настанот „Никој не треба да биде сам за Бадник и Божиќ", што Општината го организира по трети пат, во пресрет на божиќните празници, заедно со неколку општествено одговорни компании.
Кавадарци, 6 јануари 2025 (МИА) - Започна традиционалниот заеднички ручек за Бадник, на градскиот плоштад во Кавадарци.
Оброкот се дели во рамки на настанот „Никој не треба да биде сам за Бадник и Божиќ", што Општината го организира по трети пат, во пресрет на божиќните празници, заедно со неколку општествено одговорни компании.
- Настанот им е посветен на нашите сограѓани на кои им е потребно малку радост, дружење и среќа. Ручекот е приготвен од вештите раце на најголемите мајстори во кујната. Затоа што магијата на божиќните празници е токму во споделувањето на заеднички моменти, велат од Кабинетот на градоначалникот, честитајќи го денешниот празник и посакувајќи да се слави уште многу години.
Идејата за денешниот заеднички ручек е на еден од најдобрите готвачи, шеф Горан Филипов.
- Тој заедно со уште неколкумина познати професионални готвачи од Македонија, се потрудија да ја реализираат идејата и барем на момент да им го доловат празничниот дух на многу наши сограѓани, нагласија од Кабинетот на градоначалникот. свд/бак/
Фото: Фејсбук на градоначалникот