• e enjte, 09 janar 2025

Бошњачки демократски сојуз бара од Владата да го санкционира вицепремиерот Стоилковиќ

Бошњачки демократски сојуз бара од Владата да го санкционира вицепремиерот Стоилковиќ

Скопје, 9 јануари 2025

Честитањето на „Денот на РС-9 ти јануари“ од страна на вицепремиер во Владата на Република Северна Македонија и министер за односи меѓу заедниците - Иван Стоиљковиќ е сериозно нечовечки и неморален чин спротивен на правниот поредок и надворешната политика на нашата држава.

Пред се, тој ентитет чие формирање го поздравува вицепремиерот е резултат на починет геноцид врз Бошњаците, присилно раселување на несрпско население, депортации, нечовечки постапувања и злосторства на агресија и против човештвото.

 Таквите злосторства и геноцидот се докажани со правосилни судски пресуди донесени на Хашкиот трибунал. Од друга страна нашата држава ја има усвоено и Декларација за поддршка на Резолуцијата на Европскиот парламент за Сребреница од 15 јануари 2009 година како и Резолуцијата за признавање на геноцидот во Сребреница од 2024 каде бевме коспонзор на истата пред ОН.

 “Празникот“ кој Стоиљковиќ го честита е прогласен за неуставен во Босна и Херцеговина односно укинат од највисокиот суд во државата, па сега се поставува прашањето дали Владата размислува како ке се одрази овој чин врз меѓународните односи со Босна и Херцеговина земајќи го предвид дека осудата на Геноцидот во Сребреница е дел од правниот поредок на нашата држава преку усвојување на меѓународните акти и почитувањето на правосилните судски пресуди донесени од меѓународни судови.

 Со оглед на историската позадина и глобалните настојувања за помирување на Балканот, важно е Владата да се покаже зрелост и одговорност и ваквото постапување да го санкционира особено земјаќи го предвид фактот дека Стоиљковиќ е и министер за односи меѓу заедниците.

Бошњачки демократски сојуз

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

QËNDRONI TË LIDHUR