Бесплатно паркирање во општина Центар за велигденските празници
- Исклучок се затворените паркиралишта со автоматска наплата - „Дилајла“, „Трготекстил“ и „Палома Бјанка“, каде што наплатата ќе се одвива согласно редовниот режим.
- Post By Блаже Дарудов
- 12:37, 9 prill, 2026
Скопје, 9 април 2026 (МИА) - Бесплатно ќе биде паркирањето на територија на општина Центар за време на велигденските празници.
- Паркирањето во општина Центар за време на велигденските празници ќе биде без наплата за сите граѓани. На 10 април - петок, 12 април - недела и 13 април - понеделник, граѓаните ќе можат да паркираат без надомест на сите паркиралишта со кои стопанисува Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“. Исклучок од ова се затворените паркиралишта со автоматска наплата - „Дилајла“, „Трготекстил“ и „Палома Бјанка“, каде што наплатата ќе се одвива согласно редовниот режим - соопштија денеска од јавното претпријатие.
Согласно програмата за неработни денови за 2026 година, 11 април - сабота е работен ден и следствено на тоа, паркиралиштата со кои стопанисува јавното претпријатие ќе работат со вообичаено работно време.
- Депото на „пајак“ - службата на ЈП „ПОЦ“ ќе работи 24/7 за време на празниците. Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП „ПОЦ“ ќе продолжи на 14 април - вторник со вообичаено работно време - информираа од јавното претпријатие.
Тимот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ им посакува убави велигденски празници на сите. бд/вг/
Фото: ЈП „Паркинзи на Општина Центар“