• e mërkurë, 09 tetor 2024

Без вода дел од Драчево

Без вода дел од Драчево

Скопје, 8 октомври 2024 (МИА) - Без вода за пиење остана дел од Драчево поради дефект на улична цевка, соопштија попладнево од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје.

Прекин во водоснабдувањето имаат корисниците од улиците „Сердарот“, „Речиште“, „Китка“, „Јустинијан Први“.

Водоснабдувањето, како што се појаснува во соопштението, е прекинато од 12 часот. Прекинот ќе трае до завршување на интервенцијата. бд/са/

Фото: МИА архива

QËNDRONI TË LIDHUR