Барселона не успеа да го регистрира Дани Олмо
- Барселона не успеа да ги ангажира Дани Олмо и Пау Виктор. Претходно, на Каталонците два пати им беше одбиена регистрацијата на играчите за втората полусезона. Се очекуваше дека тие би можеле да бидат регитрирани во последен момент откако ќе биде одобрен договорот за продажба на ВИП ложи на „Камп Ноу“.
- Post By Спорт Миа
- 11:23, 1 janar, 2025
Барселона, 1 јануари 2025 (МИА) - Барселона не успеа да ги ангажира Дани Олмо и Пау Виктор. Претходно, на Каталонците два пати им беше одбиена регистрацијата на играчите за втората полусезона. Се очекуваше дека тие би можеле да бидат регитрирани во последен момент откако ќе биде одобрен договорот за продажба на ВИП ложи на „Камп Ноу“.
Сепак, управата на Ла Лига излезе со соопштение дека клубот не успеал да ги пријави играчите.
-Ла Лига информира дека Барселона до 31 декември не претставила алтернативи кои, во согласност со правилата за финансиска контрола на лигата, кои би ѝ овозможиле да регистрира некој од двајцата играчи од 2 јануари 2025 година, се вели во соопштението.
Изјавата беше објавена непосредно пред истекот на рокот за решавање на ситуацијата (23:59 часот на 31 декември по локално време).
Денес, 1 јануари, Ла Лига ги отстрани Дани Олмо и Пау Виктор од списокот на играчи на Барселона регитрирани за сезоната 2024/25. Во исто време, таму беше додаден дефанзивецот Андреас Кристенсен, благодарение на чија повреда тимот успеа да го ангажира Олмо за првиот дел од сезоната.
Поради тоа што Дани Олмо не беше пријавен, тој има право да го напушти клубот како слободен играч. дс
Фото: Архива