• e hënë, 07 tetor 2024

Анчелоти за повредата на Карвахал: Во соблекувалната има нервоза и тага

Анчелоти за повредата на Карвахал: Во соблекувалната има нервоза и тага

Мадрид, 6 октомври 2024 (МИА) - Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, ги кажа деталите за повредата на одбранбениот фудбалер Дани Карвахал, која ја доби на крајот од синоќешниот натпревар од 9. коло на Ла Лига против Виљареал (2:0).

- Карвахал е сериозно повреден. Многу ни е жал. Докторот ми кажа дека го повредил коленото. Во соблекувалната владее нервоза и тага. Се случи нешто што не требаше да се случи. Ова често се случува поради густиот натпреварувачки календар. За жал, ова се случи со многу важен играч за нас, изјави Карло Анчелоти на прес-конференцијата по натпреварот.

Триесет и двегодишниот Шпанец ги скина вкрстените лигаменти на десното колено по дуел со противнички играч за време на судиското надополнување и заврши на тревата. Теренот го напушти на носилки. зс/

Фото: ЕПА

QËNDRONI TË LIDHUR