• e hënë, 07 tetor 2024

Алонсо го критикуваше својт тим за настапот на натпреварот против Холштајн

Алонсо го критикуваше својт тим за настапот на натпреварот против Холштајн

Леверкузен, 6 октомври 2024 (МИА) - Тренерот на Баер, Чаби Алонсо, е незадоволен од настапот на тимот во натпреварот од 6. коло од Бундеслигата против Холштајн. 

Вчерашниот дуел во Леверкузен заврши нерешено - 2:2.

Според 42-годишниот шпански фудбалски стручњак, фудбалерите на Баер делуваа премногу пасивно на овој натпревар.

- Не сум задоволен од нашата игра. Тоа е наша вина. Не игравме паметно и мислевме дека средбата е завршена по раното водство со 2:0. Но, во фудбалот секогаш треба да се игра со ист интензитет до крајот. Бевме премногу пасивни. Имавме контрола на топката, но без закана за трет гол, изјави Алонсо за „ESPN“.

Баер се наоѓа на петтото место во Бундеслигата со 11 бодови. Следниот натпревар тимот го игра на 19 октомври на домашен терен против Ајнтрахт Франкфурт. зс/

Фото: ЕПА

QËNDRONI TË LIDHUR