• e mërkurë, 25 shkurt 2026

Алиу: Одземени лиценците на шест компании што одгледуваат марихуана за медицински цели поради констатирани недоследности

Алиу: Одземени лиценците на шест компании што одгледуваат марихуана за медицински цели поради констатирани недоследности

Скопје, 24 февруари 2026 (МИА) - На шест компании им се одземени лиценците за одгледување канабис за медицински цели. Кај нив се констатирани низа недоследности  соопшти денеска министерот за здравство Азир Алиу на прес-конференција во Владата. 

Одземени им се лиценците, како што рече, на „Алфафам“, која беше замешана во шверцот на марихуана во Србија, потоа „Грин лајф“, „ЦБД медплант“, „Лајф плант“, „Атафарм“, „Канабидоис“.

- Одлуките на Владата се засноваат на наодите од извршените контроли - несоодветно складирање на сувиот цвет, недоследни известувања до Комисијата, недоставена целосна документација за продажба и трансфер... - посочи Алиу. 

Покрај досега спроведените контроли во 13 правни субјекти, Алиу најави контроли во сите 43 правни субјекти што одгледуваат канабис за медицински цели. 

Поради пропусти и можност за злоупотреби констататирани во постојната законска регулатира, Алиу најави ново законско решение, кое ќе биде донесено кога ќе завршат контролите во сите 43 правни субјекти.  

- Детектиравме пропусти во законот и ќе имаме ново законско решение, кое нема да може да се злоупотреби. Тоа ќе го оставиме на стручните лица, но ќе имаме законско решение што ќе биде во согласност со ЕУ-директивите и она што недостига на терен - рече Алиу. бак/паг/

Фото: МИА

QËNDRONI TË LIDHUR