Mоди на средба со Пезешкијан во Њу Делхи ја нагласи потребата од заштита на слободното пловење и морнарите
- Тој, исто така, ја нагласи потребата од продолжување на напорите за обезбедување траен мир и стабилност во регионот, се наведува во соопштението на индиското МНР.
Њу Делхи, 11 септември 2026 (МИА) - Индискиот премиер Нарендра Моди разговараше со иранскиот претседател Масуд Пезешкијан, нагласувајќи ја потребата од заштита на слободата на пловидба и трговија, како и безбедноста и благосостојбата на морнарите, соопшти индиското Министерство за надворешни работи, цитирано од британските медиуми.
Тој, исто така, ја нагласи потребата од продолжување на напорите за обезбедување траен мир и стабилност во регионот, се наведува во соопштението на индиското МНР.
Двајцата лидери се сретнаа во Њу Делхи во пресрет на самитот на лидерите на БРИКС.сд/
Фото:ЕПА