• петок, 15 мај 2026

Јаневска: Доколку се докаже фалсификатот, Славјанскиот универзитет ќе има сериозни последици

Јаневска: Доколку се докаже фалсификатот, Славјанскиот универзитет ќе има сериозни последици

Скопје, 6 мај 2026 (МИА) - Две дипломи на Славјанскиот универзитет се поништени, има многу нерегуларности - од полагање 14 или 17 испити во една сесија, правење несоодветни еквиваленции на четири ЕКТ-системи, од еден предмет на четири ЕКТ-системи, признаени два по седум ЕКТ-кредити и диплома од 2016, на која има печат со Република Северна Македонија. Вие знаете дека тогаш ние го имавме нашето омилено име. Името е променето во 2018 година - изјави денеска министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

Таа посочи дека тоа е сега предмет на Јавното обвинителство.

- Доколку се докаже, а сигурно ќе се докаже фалсификатот, универзитетот ќе има сериозни последици - додаде Јаневска одговарајќи на новинарско прашање пред последната панел-дискусија во рамките на кампањата „Магијата е во знаењето“ на тема „Училницата на иднината: вештачката интелигенција, знаењето и новата улога на наставникот“. рп/са/

Фото: МИА

Остани поврзан