Филипинските власти почнаа со евакуација поради тајфунот Мавар
- Филипинските власти денеска наредија евакуација на илјадници жители, затворање на училишта и канцеларии и забрана за бродски превоз поради очекуваното пристигнување на тајфунот Мавар, кој се приближи до северните филипински провинции една недела откако помина низ американската територија Гуам во западниот Пацифик.

Манила, 29 мај 2023 (МИА) – Филипинските власти денеска наредија евакуација на илјадници жители, затворање на училишта и канцеларии и забрана за бродски превоз поради очекуваното пристигнување на тајфунот Мавар, кој се приближи до северните филипински провинции една недела откако помина низ американската територија Гуам во западниот Пацифик.
Тајфунот е проследен со силни ветрови со постојана брзина од 155 километри на час и налети до 190 километри.
Метеоролозите предвидуваат дека планинските делови на Филипините ќе бидат поштедени од директен удар од тајфунот, а анализите покажуваат дека бурата се врти североисточно кон Тајван или јужна Јапонија. јт/
Фото: НАСА