У16: Македонските фудбалерки од денеска на УЕФА развоен турнир во Струмица
- Фудбалската федерација на Македонија од денеска до 11 мај во Струмица ќе биде домаќин на развоен турнир на УЕФА на кој покрај македонската репрезентација ќе настапат и женските селекции до 16 години на Косово, Сан Марино и Андора.
Струмица, 6 мај 2026 (МИА) – Фудбалската федерација на Македонија од денеска до 11 мај во Струмица ќе биде домаќин на развоен турнир на УЕФА на кој покрај македонската репрезентација ќе настапат и женските селекции до 16 години на Косово, Сан Марино и Андора.
Натпреварите ќе се играат на терените на тренинг центарот Горан Пандев и во Турново.
Избраничките на селекторот Катерина Милеска во воведното коло, попладнево ќе играат против Сан Марино.
Во второто коло, в петок, македонските фудбалерки ќе играат против Андора, а на 11 мај против Косово. ег
ФОТО: ФФМ