• среда, 24 април 2024

Уметникот Новица Трајковски со изложбата „Спасителот“ во Велес

Уметникот Новица Трајковски со изложбата „Спасителот“ во Велес

Велес, 27 мај 2023 (МИА) - Во организација на Народниот музеј во Ликовниот салон во Велес синоќа беше отворена изложба на слики на академскиот сликар Новица Трајковски со циклусот на дела портрети „Спасителот", слики создадени во текот на целото неговото творештво. Претставени се 30 негови дела насликани во техниките масло на платно и акрил на платно, со теми од магичното и мистериозното.

Како што информира за МИА, авторот Новица Трајковски тој во своето творештво има над 100 слики кои се посветени на Исус Христос, но во Велес се изложени 30.

- Поставката е величествена, едно е кога ги сликам во ателје каде и се поставени, а друго е кога се во галерија. Секоја слика си има посебен третман, посебно место и за гледачите, па и за мене како автор е фантастична, појасни Трајковски.

Неговата порака од изложбата е божествената љубов.

-Да не се откажуваме од Исус Христос,Тој е последниот што сепак ни дава надеж, потенцира Трајковски.

Eлица Николова, историчар на уметност на отварањето појасни дека сликите на Трајковски се исполнети со благородна таинственост,во раскошно изобилство на теолошки теми и содржини.

-Од секоја слика зрачи духовно и сакрално, потенцира Николова.

Новица Трајковски во Скопје завршил на ФЛУ на отсек сликарство во класата на професорите Димитар Кондовски и Родољуб Анастасов.Тој досега има над 80 самостојни изложби од кои само во Велес четири-пет пати. Инаку, учествувал на многу групни изложби, ликовни колонии и проекти од државен и меѓународен карактер.

Пред Велес, изложбата беше отворена во Неготино. ад/ев/

Остани поврзан