• среда, 25 септември 2024

Украинскиот министер за одбрана најави откривање на голем број случаи на корупција

Украинскиот министер за одбрана најави откривање на голем број случаи на корупција

Киев, 24 февруари 2024 (МИА) – Украинското Министерство за одбрана, во соработка со органите за спроведување на законот и антикорупциските агенции, откри нелегални активности на десетина бизнисмени кои се збогатиле на сметка на вооружените сили, објави украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров во напис за „Форбс-Украина“, пренесе Укринформ.

- Создадовме две посебни организации за набавки: Државен логистички оператор и Агенција за одбранбени набавки. Спроведовме длабоко чистење на системот на Министерството за одбрана. Во соработка со специјализирани агенции за спроведување на законот и антикорупциска, откривме десетина трговци кои се богателе на сметка на вооружените сили. Само оваа година заштедивме над 16 милијарди гривни во јавните набавки. Создадовме синџир во Државниот логистички оператор кој овозможува постојано следење на логистиката и набавките, следење на добавувачите и справување со ризикот од корупција, напиша Умеров.

На почетокот на овој месец, Државниот логистички оператор претстави иновативен информациски систем за рутирање на снабдувањето за Вооружените сили на Украина (ВСУ). Новиот систем четирикратно ќе ја зголеми брзината на обработка на плаќањата за добавувачите на храна за ВСУ. јт/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан