• петок, 13 декември 2024

Во Турција сменети тројца градоначалници од прокурдската партија, обвинети се за тероризам

Во Турција сменети тројца градоначалници од прокурдската партија, обвинети се за тероризам

Анкара, 4 ноември 2024 (МИА) - Тројца градоначалници од Народната партија за еднаквост и демократија, најголемата турска прокурдска партија, се сменети од функциите бидејќи се обвинети за тероризам, соопшти денеска турското Министерство за внатрешни работи.

Градоначалниците на Мардин, Батман и Хелфети, на југоисточниот дел на Турција, претежно населен со Курди, се сменети со гувернери назначени од државата, се вели во соопштението.

Градоначалникот на Мардин, Ахмет Турк (82), популарна личност во курдското движење, претходно беше сменет од функцијата и во претходните мандати помина неколку месеци во затвор.

Турската влада го обвинува за врски со борците од Курдската работничка партија (ПКК), која е означена како терористичка организација.

Турк и уште двајца прокурдски градоначалници беа избрани за време на локалните избори во март, кои завршија со убедлива победа на опозицијата и пораз на владејачката Партија на правдата и развојот. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан