• недела, 16 август 2026

Тридневна акција за собирање кабаст отпад во Куманово

Тридневна акција за собирање кабаст отпад во Куманово

Куманово, 16 јули 2026 (МИА) - Кумановското јавно претпријатие „Чистота и zеленило“ ќе спроведе тридневна акција за собирање кабаст отпад, соопштија денеска надлежните. Акцијата почнува утре и ќе трае до недела. Според директорот на претпријатието, Сашо Томиќ, редовното и контролирано отстранување на овој вид отпад е клучно за спречување на неконтролирано депонирање и за зачувување на јавниот простор.

- Овој пат акцијата ќе се спроведе на три локации, ќе бидат поставени контејнери за депонирање на кабаст отпад во село Режановце, кај локалитет „Кошеви“ и на мостот кај мост во населбата Средорек – пред Спомен-Костурница. Претходната акција само од локалитетот „Кошеви“ изнесовме околу 20 корпи, што покажува дека има интерес за акциите - вели Томиќ.

Од „Чистота и zеленило“ ги повикаа граѓаните кабастиот отпад да го одлагаат исклучиво во поставените контејнери, со што ќе придонесат за почиста и поуредна животна средина.

- Само со организиран пристап и одговорно однесување можеме заеднички да придонесеме за почиста, поуредна и поздрава животна средина, истакна Томиќ.

Надлежните очекуваат голем одзив од граѓаните и потсетуваат дека ваквите акции се значајни за спречување на создавање диви депонии и подобрување на квалитетот на живот во градот. ам/са/

Фото МИА