• недела, 16 август 2026

Тренчевска: Само во Македонија, Владата си пресметува сопствена потрошувачка кошничка

Тренчевска: Само во Македонија, Владата си пресметува сопствена потрошувачка кошничка

Скопје, 16 јули 2026

Само во Македонија Владата си пресметува сопствена потрошувачка кошничка, нагласи потпретседателката на СДСМ, Јованка Тренчевска, во емисијата "Тема на денот", на телевизија Сител, во однос на најавената владина потрошувачка кошничка. Тренчевска посочи дека Владата повторно се обидува статистички да ја сокрие реалната состојба во која живеат граѓаните - се вели во соопштението на СДСМ кое МИА го објавува интегрално.

„Во многу земји во светот постои просечна кошничка, постои и минимална синдикална кошничка. Таа минимална кошничка секаде ја изработуваат синдикатите. Единствено во Македонија и во Србија просечната потрошувачка кошничка ја прави Владата. Никаде во светот Владата не ја прави таа кошничка, туку ја прават државните институции, како кај нас Државниот завод за статистика, односно официјалната статистичка институција во државата. Во Британија, во Австрија, во Германија, секаде каде што има ваква кошничка, освен кај нас и во Србија. Очигледно и двете влади сакаат да имаат влијание врз тоа како ќе се пласира колкава е потрошувачката кошничка, а врз основа на тоа да ги градат и понатаму да ги креираат политиките, што е нонсенс“, рече Тренчевска.

Воедно, Тренчевска додаде, дека просечната потрошувачка кошничка што ја најави Владата не е репер за креирање на идни социјални политики затоа што во нејзе влегуваат куповната моќ и на богатите и на сиромашните, додавајќи дека не може на едно исто место да ги ставите навиките на богатите и навиките на сиромашните.

„Минималната е за преживување. Тоа е минимум средства коишто се потребни на едно четиричлено семејство за да може да го помине месецот. Не е тоа луксузирање, туку минимум за достоинствен живот на едно четиричлено семејство. Просечната потрошувачка кошничка ја рефлектира куповната моќ на населението наспроти реалните навики, односно тука влегуваат куповната моќ и на богатите и на сиромашните. И вие, во услови кога паѓа животниот стандард, апсолутно е дека сиромашните граѓани помалку купуваат. Затоа цената на просечната потрошувачка кошничка е многу пониска од онаа што ја пресметуваат синдикатите. Не може на едно исто место да ги ставите навиките на богатите и навиките на сиромашните“, рече Тренчевска.

Во интервјутот Тренчевска посочи дека Владата зборуваше дека ќе донесе методологија, но методологијата никој не ја види, не се знае како ќе мерат, кои производи ќе ги стават во мерењето на просечната кошничка.
„Не смееме да ги изедначуваме едната и другата. Минималната синдикална кошничка е тој репер којшто треба да ѝ служи на Владата за креирање на социјални политики, а не просечната потрошувачка кошничка. И врз основа на оваа кошничка на синдикатите треба да се зголемува минималната плата и да се креираат мерки за да им се помогне на сиромашните“, порача Тренчевска.

„Единствено во Македонија и во Србија просечната потрошувачка кошничка ја прави Владата. Никаде во светот тоа не го прави Владата, туку официјалната статистичка институција. Очигледно и двете влади сакаат да имаат влијание врз тоа како ќе се пласира колкава е потрошувачката кошничка.“

Таа нагласи дека минималната синдикална кошничка е единствениот реален показател за тоа колку средства му се потребни на едно семејство за достоинствен живот и токму таа треба да биде основа за владините политики.
„Минималната синдикална кошничка е реперот кој треба да ѝ служи на Владата за креирање на социјални политики. Врз основа на оваа кошничка треба да се зголемува минималната плата и да се креираат мерки за помош на сиромашните.“
Наместо да ги штити граѓаните од секојдневните поскапувања, Владата дозволува цените да растат, платите да стагнираат, а работниците и семејствата сами да ја плаќаат цената на нејзината неспособност. Додека маркетите бележат рекордни профити, а храната и горивата секојдневно поскапуваат, Владата нема ниту план ниту вистински мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните. 

Линк до видеото : https://youtu.be/UpIWmpC19PY?si=1JLFk2DW-a9yeZX2

Потпретседателката на СДСМ Јованка Тренчевска во емисијата „Тема на ден“ на телевизија Сител нагласи дека Владата веќе две години не води вистински социјален дијалог, ги игнорира барањата на синдикатите и не презема никакви конкретни мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните.
„Две години немаме функционален социјален дијалог, односно онака како што е и по закон кај нас, трипартитен социјален дијалог помеѓу Владата, синдикатот и работодавачите. Сведоци сме дека беа одбивани па дури и не се разговараше за оние барања коишто ги имаа синдикатите, а тоа се барања коишто произлегуваат од самите работници, оние чии чии што права ги застапуваат“, рече Тренчевска.

Тренчевска посочи дека работниците тешко живеат, власта нема слух за зголемување на минималната плата, ценовните удари не се завршени. Таа предупреди дека новото поскапување на дизелот ќе предизвика нов бран поскапувања на храната и основните производи, а Владата повторно нема одговор.
„Дефинитивно дека ќе влијае на животниот стандард на граѓаните покачувањето на а цената на дериватите, затоа што транспортот најголем дел од индустријата е врзан со цената на дериватите. Земјоделството најголем дел е врзан со цената на дизелот, така што, не може да не влијае врз а животниот стандард на граѓаните, врз цените во малопродажните цени во маркетите, на пазарот, овошјето, зеленчукот не може да не влијае“, рече Тренчевска.

Во интервјуто Тренчевска потенцираше дека Владата не презема ништо за да го заштити животниот стандард на граѓаните, на работницитем на најранливите категории, ниту пак прифати разговор за зголемување на минималната плата.

„Владата ниту во од февруари до јуни не превзеда конкретни мерки за животниот стандард. Единствено што намали тоа беше акцизата во одреден период и ДДВ на дериватите. Не презема никакви мерки за работниците на барањето на синдикатите покачување на минималната плата. Никако за тоа. Не се ни разговараше ниту пак преговараше. Мора да се има таргетирани мерки“, рече Тренчевска.

Притоа, Тренчевска, потсети дека Владата на СДСМ во време на глобалната економска и енергетска криза веднаш реагираше со конкретни мерки за заштита на граѓаните.

„Во март имавме пакет од 400 милиони евра за најранливите, за најсиромашните. Имавме намалување на ДДВ и ограничување на маржите. Ограничувањето на маржите е една од најдобрите мерки која дава резултат, особено кај посиромашниот слој граѓани, кои целиот свој буџет го даваат на храна и на режиските трошоци. Мора да има таргетирани мерки за најранливите, бидејќи кризата не ги погодува секогаш сите исто. Сиромаштијата е најголема токму кај луѓето со ниски приходи или луѓето коишто се во делот на социјалната заштита“, рече Тренчевска.

Таа додаде дека денес сиромашните семејства се оставени сами да се справуваат со растечките трошоци за живот, додека Владата не ги зголемува ниту социјалните права.

„Две и пол години не е покачено ниту едно право ниту на лицата со попреченост ниту на оние што не се вработени гарантирана минимална помош, ниту на старите лица коишто земаат социјална пензија којашто им е единствениот приход во семејството.Нема покачување ниту на едно право“ рече ТренчевсКА.

Линк до видеото : https://youtu.be/UpIWmpC19PY?si=1JLFk2DW-a9yeZX2

Фото: Центар за комуникации со јавноста на СДСМ