Тоневски: Ќе изградиме нов градски базен во Пробиштип
- Водени од љубовта кон нашиот град и заложбите за подобра спортска и рекреативна иднина, во следниве четири години Пробиштип ќе добие нов модерен градски базен. Базен за сите, од најмалите до највозрасните. Простор за рекреација, пливачки школи, летна забава и здрав живот. Затоа што Пробиштип може, Пробиштип знае како и најважно Пробиштип сака.
Скопје, 12 октомври 2025
Нашиот Пробиштип уште од поставувањето на темелите се градел во визија- урбан и модреден град. Пробиштип е еден од првите градови со свој базен, место каде што растеа генерации, се раѓаа пријателства и се создаваа најубавите летни спомени, изјави Тони Тоневски, кандидат за градоначалник на општина Пробиштип, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ што МИА го објавува интегрално.
Место полно со живот, не е случајно што токму Пробиштип беше првиот град што доби Аква парк во Македонија. Ние секогаш сме чекор напред, со отворено срце и јасна цел - подобар живот за сите нас. Водени од љубовта кон нашиот град и заложбите за подобра спортска и рекреативна иднина, во следниве четири години Пробиштип ќе добие нов модерен градски базен. Базен за сите, од најмалите до највозрасните. Простор за рекреација, пливачки школи, летна забава и здрав живот. Затоа што Пробиштип може, Пробиштип знае како и најважно Пробиштип сака.
За секое дете што ќе научи да плива, за секој спомен што допрва ќе го создадеме.
За тебе, за твоето место, за твојата иднина.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Фото: ВМРО-ДПМНЕ