Тежок судир во Србија на воено и цивилно возило на патот Краљево-Рашка
Беглрад, 21 септември 2024 (МИА) - Борбено возило „ПАСАРС“ на војската на Србија денеска околу 13 часот и 10 минути се судрило со цивилно возило кај градот Ушќе на патот Краљево-Рашка, соопшти Министерството за одбрана.
Борбеното возило - противвоздушен самооден артилериско-ракетен систем во колона под придружба на воената полиција се движело кон Рашка.
Според првите информации има повредени и загинати, се вели во соопштението на Министерството.
РТС јави дека загинале две лица. зш/