Станбен блок погоден во иранскиот ракетен напад врз Израел, вели израелската полиција
- Иранска ракета погодила станбена зграда во јужен Израел, соопшти израелската полиција утрово.

Тел Авив, 20 јуни 2025 (МИА) - Иранска ракета погодила станбена зграда во јужен Израел, соопшти израелската полиција утрово.
-Полициските сили на Јужниот округ, заедно со експерти за расчистување на мини и тимови за итни интервенции, моментално работат на местото на нападот во еден од јужните градови на земјата, се вели во соопштението на полицијата. Соопштението е придружено со фотографии на кои се гледа станбена зграда со оштетена фасада, чија точна локација не е откриена.
Рано утрово - осмиот ден од војната меѓу двете земји - сирени за предупредување од воздушен напад се огласија во неколку области на Израел. Предупредувањето за воздушен напад беше откажано неколку минути подоцна.
Војската прогласи тревога откако откри ракети испукани од Иран кон Израел, соопшти израелската војска на апликацијата Телеграм. Кратко потоа, Командата на домашниот фронт (израелските сили одговорни за цивилна одбрана и операции за пребарување и спасување во време на војна, криза или катастрофа) објави дека луѓето можат да ги напуштат засолништата од бомби и заштитените подрачја.
Нема извештаи за жртви, соопшти организацијата Маген Дејвид Адом - израелскиот еквивалент на Црвениот крст. мс/
фото: ДПА