• понеделник, 23 септември 2024

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со претставници на македонската дијаспора во Германија

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со претставници на македонската дијаспора во Германија

Скопје, 12 јуни 2024 (МИА) - Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во рамки на работната посета на Берлин по повод учеството на Конференцијата за обнова на Украина, оствари средба со претставници на македонската дијаспора во Германија, соопштија денеска од нејзиниот Кабинет.

На средбата претставниците на македонската дијаспора ја запознале претседателката Сиљановска Давкова со нивните севкупни активности и нивната вклученост во општествените текови во Германија.

- Претседателката Сиљановска Давкова оцени дека припадниците на македонската дијаспора во Германија, како наша најбројна иселеничка заедница во Европа, имаат посебно важна улога, и посочи дека се мост којшто дополнително ги јакне добрите билатерални односи меѓу двете држави, се наведува во сооптшението од кабинетот на Сиљановска Давкова .

Истакнувајќи ги нејзините заложби за соработка и продлабочување на врските со дијаспората, Сиљановска Давкова ја претставила својата иницијатива за создавање на Национален совет за соработка со дијаспората, со цел изнаоѓање на начини за нејзино зголемено вклучување во стратегискиот развој на земјата.

- Треба да станеме стандардна држава. Во Европската Унија не влегуваат егзотични држави, туку стандардни, демократски држави, компатибилни со оние внатре, компатибилни со германската држава, рекла претседателката Сиљановска Давкова, истакнувајќи дека ние отсекогаш географски, историски, културно сме биле дел од Европа. цр/нд/

Фото: Кабинет на претседателка Сиљановска Давкова 

Остани поврзан