• четврток, 25 април 2024

Средба за вмрежување со културните аташеа на земјите-членки на ЕУ во Спомен-куќата на Лазар Личеноски

Средба за вмрежување со културните аташеа на земјите-членки на ЕУ во Спомен-куќата на Лазар Личеноски
Скопје, 11 ноември 2022 (МИА) - Третиот роденден на Европската куќа во Скопје денеска беше одбележан во Спомен-куќата на еден од најголемите македонски уметници, Лазар Личеноски. Иницијативта е на евроамбасадорот Дејвид Гир, а присуствуваа сопругата на претседателот Стево Пенадровски, Елизабета Ѓоргиевска и претставници на дипломатските тела на земјите членки на Европската Унија.
 
Како што информира Националната галерија, евроамбасадорот Гир истакна дека Европската куќа го отвора прозорецот кон светот за да ја види разновидноста и креативноста, особено на младите.
 
Сопругата на претседателот Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска изрази задоволство што може да ја погледне студентската изложба посветена на нашиот реномиран ликовен уметник Лазар Личеноски.
 
-Со културните аташеа на земјите членки на Европската Унија разменивме идеи за вмрежување со цел да ги разгледаме можностите за конзервација и реставрација на Куќата-музеј на Личеноски, чие дело ја збогатува македонската културна ризница. Гордост е да се биде патрон на Проектот во соработка со Националната галерија и претставници на Европската делегација. Проектот е значаен од повеќе аспекти, покрај идеолошката и традиционалната вредност, претставува основа да се изгради жив и динамичен простор како инспирација за наредните генерации, истакна Елизабета Ѓоргиевска.  
 
 
Директорката на Националната галерија Дита Старова Ќерими истакна дека Спомен-куќата „Музеј Лазар Личеноски“ е еден од најважните проекти, како за нивната институција, така и за културната јавност во земјава. Таа имала презентација во куќата на Лазар Личеноски со цел да се информираат ЕУ амбасадорите за културата, за досегашните и идните активности во куќата 
 
Од Националната галерија информираат дека проектот опфаќа конзервација, адаптација и ревитализација на куќата на сликарот Лазар Личеноски со крајна цел таа како дом на еден од најзначајните основолположници на македонската современа ликовна уметност биде пренаменета во спомен куќа „Музеј Лазар Личеноски“.
 
Посочуват дека процесот за валоризација на куќата, како потенцијално културно добро кое треба да биде заштитено како културно наследство почнал уште во 2008. - Спомен-куќата „Музеј на Лазар Личеноски“ е во фаза на ревитализација и преадаптација според предвидената намена, како во поглед на архитектурата, така и на движниот културен материјал. Тоа значи дека проектите кои опфаќаат конзервација на движниот културен материјал (слики, мозаици, етнолошки, библиотечен и архивски материјал), а се во наша надлежност, веќе се завршени и редовно се аплицира во рамките на Националната програма за да се обезбедат финансии за релизација на активностите, стои во соопштението. 
 
Движниот културен материјал, како што се наведува, е евидентиран и згрижен во нашите депоа со што сме обезбедиле максимална заштита, како впрочем и за сите останати дела од колекцијата. Напоменуваат дека конзеравцијата на мозаичното културно наследство од Спомен-куќата на Лазар Личеноски почна во 2021 година и целосно е завршено во текот на 2022 година. Во тек е конзервацијата на  сликите, која ќе оди во неколку фази, заради обемноста на обврските и во зависност од средствата кои ќе бидат одобрени од страна на Министерството за култура. Од Националната галерија очекуваат да им бидат одобрени финансии и за проектот кој предвидува конзервација на етнолошкиот материјал. За
 библиотечното културно наследство во тек е изработка на проектот за негова конзервација и заштита.
 
Градскиот завод за заштита веќе е во фаза на реализација на проектот за санација на куќата. Првата фаза од проектот почна во 2021 година и опфати санација на водовод и канализација, односно приклучување на водоводната мрежа, поставување на водоводна инсталација и канализациска мрежа во објектот итн. Втората фаза од проектот почна кон крајот на 2021 година и заврши во 2022 година, опфаќајќи ја фазата електрика при што се изведени работи согласно одобрените финансиски средства, односно поставување на струјна инсталација, инсталација за ПП систем, систем за видео надзор, светлосна расвета во објектот и дворот и сл.
 
Третата фаза за која во тек е изработка на Анекс на проектот, предвидува поставување дренажен систем околу објектот поради појава на влага од атмосферски/подземни води, како и санација на влезниот дел на објектот.  По изработка на  дополнителниот проект и поминати стручни контроли од надлежните институции тој ќе се придодаде кон Основниот проект со што ќе се овозможи објава на јавна набавка за фазата архитектура.
 
Од Националната галерија наведуваат дека вложуваат максимални напори за обезбедување на сите предуслови за куќата да ја оствари својата намена и за да ја исполнат желбата на семејството Личеноски. мд/са/

 

Остани поврзан