• недела, 16 август 2026

СП 2026: Надал со поддршка за Шпанија пред финалето

СП 2026: Надал со поддршка за Шпанија пред финалето

Мадрид, 18 јули 2026 (МИА) – Дваесет и двократниот шампион на Гренд слем, Рафаел Надал, објави поддршка за Шпанија на социјалните мрежи пред финалето на Светското првенство 2026 со Аргентина.

- Фудбалот е една од моите најголеми страсти уште од детството. Отсекогаш уживав играјќи, гледајќи и поддржувајќи ја нашата репрезентација. Сè уште ги паметам емоциите што ги почувствував на финалето во 2010 година во Јужна Африка. Никогаш нема да го заборавиме тоа! Утре ќе имаме уште една можност да уживаме во еден од тие историски натпревари против тим и земја што длабоко ги почитувам и им се восхитувам. „Напред, Шпанија!“ напиша Надал.

Финалето на Светското првенство во 2026 година помеѓу Шпанија и Аргентина ќе се одржи на стадионот „МетЛајф“ во Ист Радерфорд, САД, утревечер со почеток во 21 часот. зс/

Фото: ЕПА