• четврток, 12 ноември 2026

Силен руски ракетен напад врз Киев, експлозии и во Харков и Одеса

Силен руски ракетен напад врз Киев, експлозии и во Харков и Одеса

Киев, 16 јули 2026 (МИА) - Украинскиот главен град Киев рано утрово бил цел на масовен руски напад со балистички ракети - соопшти градоначалникот Виталиј Кличко.

Кличко на „Телеграм“ објави дека било погодено магацинско складиште во западниот дел на градот, а остатоци од соборени дронови паднале на спротивниот брег на реката Днепар, каде што избувнал пожар. Пожарот бил локализиран, а изгаснат бил и пожарот што настанал во уште едно погодено складиште во друг дел од Киев.

Истовремено, со руски дронови бил нападнат и вториот по големина украински град Харков. Градоначалникот Игор Терехов соопшти дека удари биле регистрирани во најмалку три градски населби.

И во Одеса била активирана воздушна тревога по што биле слушнати експлозии, јавија локалните власти. Засега нема информации за евентуални жртви или материјална штета. аб/сд

фото/МИА архива