• недела, 14 април 2024

Се одржа манифестацијата „Ден на пченицата 2023” во општина Илинден

Се одржа манифестацијата „Ден на пченицата 2023” во општина Илинден

Скопје, 1 јуни 2023 (МИА) - Под покровителство на Општина Илинден и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се одржа манифестацијата „Ден на пченицата 2023”. Настанот го организира компанијата „Агроунија” ДООЕЛ Скопје, а во присуство на бројни гости, земјоделски производители, претставници на институции се изврши обиколка на опитното поле во Илинден.

Присутните имаа можност да видат микро, макро и компаративни опити на македонските сорти со најдобрите балкански и европски сорти, а беа споделени информации и за семепроизвотството и за материјалот за селекција.

На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој пред присутните истакна дека Општина Илинден ги поддржува земјоделците и развојот на земјоделството преку одржување на трибини, бесплатни анализи на почвата на територија на општина Илинден, со цел испитување на квалитетот на земјоделското земјиште и унапредување на земјоделието што претставува и дел од Стратешкиот план за развој на Општина Илинден.

Од „Агроунија“ истакнаа дека на опитното поле беше претставена рачна сеидба на претходно одбрани и селектирани класови. Нешто што е сржта и основата на селекционерството, сеидба - рачна, клас по клас, секој во посебен ред-класови, кои се одгледуваат со години за супер елитите на сортите пченица и тритикале во Република Македонија. Присутните имаа можност да видат и колекција од странски сорти пченица, јачмен и тритикале, споредбено со нашите сорти, како и линии за семе произвотство. мч/сп/

Остани поврзан