• понеделник, 23 септември 2024

Светските лидери пристигнуваат на идниот самит во рамките на Генералното собрание на ОН

Светските лидери пристигнуваат на идниот самит во рамките на Генералното собрание на ОН

Њујорк, 23 септември 2024 (МИА) - Светските лидери денеска пристигнуваат на дводневниот Самит за иднината во Њујорк, во рамки на 79. сесија на Генералното собрание на ОН, што е вовед во генералната дебата на сесијата во вторник, 24 септември.

Самитот е увертира на овогодинешниот состанок на високо ниво, што се одржува секој септември.

Повеќе од 130 претседатели, премиери и монарси ќе зборуваат заедно со десетици министри, а се очекува една од главните теми да бидат војните во Газа, Украина и Судан и смирување на ескалацијата на војната на Блискиот Исток. зш/

Остани поврзан