• среда, 17 јуни 2026

Сабаленка: Јас сакam мир за сите и не ја сакам оваа војна

Сабаленка: Јас сакam мир за сите и не ја сакам оваа војна

Париз, 19.мај 2026 (МИА) – Во пресрет на Ролан Гарос, најдобрата светска тенисерка Арина Сабаленка се осврна и на актуелната состојба во женскиот тенис и пред сè дуелите со противничките од Украина, кои често не сакаат да подадат рака по завршувањето на мечот. Таа се осврна и на обвинувањата дека како тенисерка број 1 не го користи своето влијание кога станува збор за војната во Украина.

„Го почитувам нивниот став да не подадат рака, знам дека тоа не е лично. Сепак тешко е тоа да се издржи, толку многу омраза на „Турот“. Јас сакам мир за сите и не ја сакам оваа војна“, изјави Сабаленка.

Таа се осврана и на моментот дека во минатото тенисерките и тенисерите од Белорусија и Украина, биле како сестри и браќа, но сега меѓу нив има голем ѕид.

Сабаленка е на првото место на ВТА листата, а конкурентка и е Елена Рибакина. мн/

Фото: ЕПА