• недела, 16 август 2026

Речиси во цела држава дожд и грмежи

Речиси во цела држава дожд и грмежи

Скопје, 16 јули 2026 (МИА) - Речиси цела држава попладнето беше зафатена од невреме со пороен дожд и грмежи. Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека вечерва Битола, Преспа и Ресен се зафатени од пороен дожд и грмежи.

Слаб до умерен дожд имаше во Скопје, Охрид, Ресен, Македонски Брод и во северозападните делови на Македонија, а невреме со пороен дожд и грмежи имаше во Прилеп, Гевгелија, Крушево и Македонски Брод. бак/

Фото: МИА архива