• петок, 27 септември 2024

Реконструкција и поставена хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација на ул. Никола Карев

Реконструкција и поставена хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација на ул. Никола Карев

Скопје, 13 септември 2024

 

Со реализацијата на проектот за реконструкција на ул. Борис Кидрич од крстосница со ул. Симеон Кавракиров до крстосница со булевар Кузман Јосифовски Питу, исполнуваме уште едно ветување од програмата За модерно Скопје. Со цел  подобрување на сообраќајната инфраструктура, извршена е реконструкција на коловозот на улицата Никола Карев на површина од 2000 метри квадратни со соодветна хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација.

Станува збор за фреквентна улица која поврзува повеќе клучни сообраќајници и се наоѓа во непосредна близина на Меѓуградската автобуска и Железничка станица, каде поради големото сообраќајно оптоварување константирани се колотрази и оштетувања, а со реконструкцијата се зголемува сигурноста и безбедноста за сите учесници во сообраќајот.

Со почит,

Одделение за односи со јавност
Град Скопје

Фото: МИА архива

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан