Промоција на книгата „Хегел е мртов“ од Гордана Стојановска
- Стојановска се осврнува на состојбите во ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ - Скопје некогаш и денес, и тоа од повеќе аспекти: бројот на читатели, нивниот интерес за изнајмување различни жанрови книги, улогата на библиотекарот за читателите, набавната стратегија, како и функционирањето на таа институција во контекст на современите промени - пишува во соопштението.
Скопје, 20 мај 2026 (МИА) - Промоција на книгата „Хегел е мртов“ од Гордана Стојановска ќе се одржи вечер со почеток во 19 часот во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје.
- Книгата, за која ќе говори проф. д-р Васил Тоциновски, разработува низа прашања во врска со библиотеката како клучна институција за духовниот и интелектуалниот развој на едно општество. Стојановска се осврнува на состојбите во ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ - Скопје некогаш и денес, и тоа од повеќе аспекти: бројот на читатели, нивниот интерес за изнајмување различни жанрови книги, улогата на библиотекарот за читателите, набавната стратегија, како и функционирањето на таа институција во контекст на современите промени - соопштија од издавачката куќа „Македонска реч“.
Посебен акцент, како што информираат, е ставен на причините за историски најголемиот пад на работењето на Градската библиотека во последните години.
- Книгата е резултат на седумгодишно истражување на авторката во централната библиотека „Браќа Миладиновци“, во чиј научен оддел поминува 24 години како библиотекар. Стојановска е автор и на книгите „70 години Градска библиотека „Браќа Миладиновци““, „Комплетирање на библиотечни фондови“, „Во одбрана на меморијата“ и „Ќерката на сонцето“ - пишува во соопштението. бд/лв/
Фото: „Македонска реч“