• вторник, 23 април 2024

Промовирана книгата „Велес за време на Балканските и Првата светска војна (1912-1918)

Промовирана книгата „Велес за време на Балканските и Првата светска војна (1912-1918)

Велес, 1 јуни 2023 (МИА) - Во организација на  библиотеката „Гоце Делчев“и Народен музеј Велес денеска во Ликовниот салон во Велес беше промовирана  книгата „Велес за време на Балканските и Првата светска војна (1912 – 1918)“, од проф д-р Ѓорѓи Малковски во која на 330 страници се опишани случувањата во градот од тој период. Во книгата има 261 оригинални досега необјавени фотографии за Велес и велешани. Книгата ја промовира проф д-р Стефан Влахов Мицов.

 -Оваа книга ќе биде еден вид енциклопедија која би ја користеле историчарите, истражувачите, професорите, како и цела јавност и е еден сублимат на Велес за даденото време.Таа е аманет и траен белег, за идните генерации да знаат како во тој период се живеело во Велес, потенцира Мицов.

Авторот Малковски информира дека оваа е прва книга објавенa за овој период со користење на документи, стари книги и факти. Тој на книгата работел околу десет години.

При пишувањето  користел материјали од архивите во Бугарија, од Белград-Србија, од Велес и Скопје.ад/лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан