• вторник, 16 април 2024

Приведен дилер на дрога од Охрид    

Приведен дилер на дрога од Охрид    

Скопје, 1 јуни 2023 (МИА) - Полициски службеници од СВР Охрид синоќа во 19.10 часот на крстосница од булевар „Македонски просветители“ со улица „Партизанска“ во Охрид, го лишиле од слобода С.Н.(54) од Охрид.

- Тој, откако ги забележал полициските службеници, фрлил пакување со кафеава прашкаста материја и се обидел да ја уништи. Од него било одземено ќесе со траги од кафеава прашкаста материја. Подоцна, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени дигитална вага и повеќе предмети со траги од кафеава прашкаста материја, соопштија денеска од МВР.

С.Н. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. цр/

Фото:МИА

Остани поврзан