• петок, 19 април 2024

Приведен скопјанец по распишана централна потерница

Приведен скопјанец по распишана централна потерница
Скопје, 11 ноември 2022 (МИА) - Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје денеска во 12 часот на ул.„Малешевска“ го лишиле од слобода Ј.З.(32) од Скопје. За него, како што соопшти Министерството за внатрешни работи, била распишана централна потерница по наредба од Основен суд Скопје, поради тоа што бил осуден на казна затвор од една година за сторено кривично дело по чл.130 од Кривичниот законик. Ј.З. ќе биде предаден на надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната, информираат од МВР. рп/са/    

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан