• петок, 26 април 2024

Претседателот на Уганда го потпиша ригорозниот закон против ЛГБТК

Претседателот на Уганда го потпиша ригорозниот закон против ЛГБТК

Претседателот на Уганда го потпиша ригорозниот закон против ЛГБТК

Кампала, 29 мај 2023 (МИА) – Претседателот на Уганда Јовери Мусевени денеска го потпиша еден од најстрогите анти-ЛГБТ закони, што наиде на осуда од западните влади, компании и активисти за човекови права.

Истополовите заедници се нелегални во Уганда, како и во повеќе од 30 африкански земји, но новиот закон оди уште подалеку во таргетирање на геј, бисексуалци и транс лица, јавија светските агенции.

Законот предвидува смртна казна за таканаречена „тешка хомосексуалност“, која вклучува хомосексуални односи со ХИВ-позитивно лице и 20 години затвор за „промовирање“ на хомосексуалност. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан